Крокодили се сите видови кои спаѓаат во фамилијата Crocodylidae. Понекогаш ова име се употребува за сите членови на редотCrocodilia: т.н. вистински крокодили, алигаторите и кајманите (фамилија Alligatoridae) и гавијал (фамилија Gavialidae), па дури и членовите на Crocodylomorpha во кои спаѓаат предците на овие животни и праисториските крокодили. Крокодилите се големи водни животни кои живеат тропските подарачја во Африка, Азија, Северна и Јужна Америка и Австралија. Овие животни најчесто живеат во слатки води, како реки, езера, мочуришта, но сепак понекогаш ги среќаваме и во солени води. Се хранат претежно сорбетници како риби, рептили и цицачи, но некои видови се хранат и со без'рбетници како мекотели и ракови. Оваа лоза на животни датира од многу оддамна и се смета дека не се промениле многу од времето на диносаурусите. Се смета дека се стари 200 милиони години, (диносаурусите изумреле пред околу 65 милиони години) што значи дека преживеале голем број на катаклизми
КАРАКТЕРИСТИКИ
И покрај нивниот праисториски изглед, крокодилите се едни од најкомплекснитерептили. За разлика од останатите рептили, одредни мускули кои служат за движење во вода овие животни ги вклучуваат во дишењето, со што добиваат еквивалент на дијафрагма [2]. Потоа имаат и мозочна кора и срце со четири комори. Крокодилите имаат физички карактеристики кои се карактеристични за предаторите. Имаат и аеродинамично тело кое им овозможува лесно движење низ водата. Кога пливаат тие ги сокриваат нозете до нивното тело со што уште повеќе го намалуваат отпорот во водата и ја зголемуваат брзината. На нозете имаат и пловна кожичка која им овозможува да прават нагли движења во водата.
Во задниот дел на устата, крокодилите имаат круто ткиво кое го спречува влезот на вода. Ноздрите се исто така затворени за време на нуркањето. Кожата на овие животни има пори за кои се смета дека се сензорни и дека се слични на латералната линија кај рибите. Најмногу ги има на нивната горна и долна вилица. Другата теорија за овие пори е дека имаат секреторна улога и произведуваат маслена супстанца која не дозволува калта да им се лепи на кожата [1].
Крокодилите се многу брзи животни на кратки растојанија, дури и надвор од вода. Нивниот начин на ловење е со изненадно грабнување на пленот, поради што имаат многу остри заби кои се забиваат во месото на пленот и силни мускули кои ја затвараат вилицата и го држат пленот заробен. Силата на вилицата на крокодилот е огромна, далеку поголема од било кое друго животно. Оваа сила е со 350kg/cm² [3], споредено со 23,5kg/cm² кај ротвајлерот, 28kg/cm² кај големата бела ајкула или 56-70kg/cm² кајхиената. Сепак отварањето на вилицата е овозможено од страна на група на многу послаби мускули, па затоа овие животни можат да се проучуваат или транспортираат безбедно со затварање на нивната уста со самолеплива лента. Сите крокодили имаат остри и моќни канџи, но имаат ограничено странично движење на вратот.
ВОЗРАСТ
Не постои веродостоен начин за мерење на возраста на крокодилите, меѓутоа постојат повеќе техники кои се употребуваат за да се добијат приближни претпоставки. Најчестиот метод е мерењето на прстените на коските и забите – секој прстен се однесува на промена на растењето кое нормално се случува еднаш годишно помеѓу сувата и влажната сезона[4]. И покрај овие недостатоци при мерење на возраста, се смета дека најстарите кродоили се и најголемите. C. porosus се смета дека во просек живее до 70 години, но постојат нецелосни докази за индивидуи кои живееле и над 100 години. Еден од најстарите регистрирани крокодили умрел во зоолошка градина во Русија. Мажјак од видот слатководен крокодил кој живее во аврстралиска зоолошка градина се проценува дека има 130 години. Овој крокодил бил спасен од Боб и Стив Ирвин откако бил 2 пати застрелан од ловци. Како резултат на повредите, овој крокодил го изгубил неговото десно око
ГОЛЕМИНА
Големината варира во зависност од видот на крокодилот. Видовите од Palaeosuchus и Osteolaemus растат само до 1 – 1,5 метри. Поголемите видови достигнуваат и должина од над 4,85 метри и тежина од над 1200 килограми. Кај крокодилите има и изразенполов диморфизам. Мажјаците се многу поголеми и растат многу побрзо од женките[1]. И покрај огромната големина на возрасните единки, овие животни животот го започнуваат со големина од 20тина сантиметри. Најголемиот од сите видови еморскиот крокодил кој живее во северна Австралија и југоисточна Азија.
Најголемиот регистриран крокодил е огромниот морски крокодил кој бил долг 8,6 метри и тежел 1352 килограми. Тој бил убиен воКвинсленд, Австралија во 1957 година. Направена е реплика на овој крокодил кој привлекува голем број на туристи. Најголемиот познат жив крокодил е 7,1 метри долгиот морски крокодил од Ориса, Индија. Овој крокодил во jуни 2006 година, влезе во Гинисовата книга на светски рекорди
ОДНЕСУВАЊЕ
Крокодилите се животни кои напаѓаат од заседа. Тие чекаат пленот да се доближи и тогаш напаѓаат со голема брзина, без да остават време на пленот да реагира. Како и останатите ладно-крвни предатори, и овие животни можат да издржат без храна долго време. И покрај нивниот изглед на бавни животни, крокодилите се едни од најопасните предатори на земјата, па некои видови се забележани како напаѓаат и убиваат ајкули [7]. Познат партнер на крокодилите е Египетскиот пловер, птица со која овие животни живеат во симбиоза. Според некои извештаи, оваа птица се храни со паразитите кои ја инфицираат устата на крокодилот, затоа овој рептил ја отвара устата и дозволува пловерот да влезе и да ја исчисти (Ричфорд и Меад 2003 година).
Многу големи крокодили голтаат камења (нарекувани стомачни камења) кои се верува дека служат за одржување баланс на телото. Според некои други мислења, овие камења имаат улога слична на зрната песок кај птиците, односно за дробење на храната.
Крокодилите можат да произведуваат звуци кога се во опасност или за време на напад. Тие имаат и одличен слух .
Крокодилите се заштитени во многу делови во светот, но исто така постојати фарми на крокодили. Нивната кожа се користи за производство на многу предмети како паричници, чанти или чевли, а нивното месо се смета за деликатес. Најчесто во ваквите фарми се одгледуваат морски или нилски крокодили, а во азиските фарми често се одгледуваат и хибриди од морски и сиамски крокодил.
Крокодилите се многу послични со птиците и со диносаурусите, отколку со повеќето животни кои се класифицирани како рептили.
Ембрионите на крокодилите немаат полови хромозоми, па за разлика од цицачите на пример, полот не се одредува генетски. Полот зависи од температурата на која се изложени јајцата. Мажјаците се добиваат при температура од 31,6 степени, додека женките на пониска или повисока температура. Просечниот период на инкубација е 80 дена, но и тој зависи од температурата.
На копно, овие животни достигнуваат брзина од 17 км/час, брзина измерена кај австралискиот крокодил [10]. Максималната брзина варира во зависност од видот. Некои видови навистина можат да трчаат во полн кас, тука спаѓаат кубанскиот крокодил,новогвинејскиот крокодил и џуџестиот крокодил. Повеќето останати видови се движат со таканаречено „стомачно трчање“, движејќи го телото слично на змија. Со ова движење достигнуваат максимална брзина од 10-11 км/час.
Крокодилите немаат потни жлезди, па од топлината се ослободуваат преку устата. Поради тоа, тие често спијат со отворена уста.
ОПАСНОСТ ЗА ЧОВЕКОТ
Големите видови на крокодили се доста опасни за човекот. Најголемата опасност е поради тоа што крокодилите напаѓаат брзо пред личноста да има време да реагира.Морските и нилските крокодили се најопасните, и убиваат стотици луѓе годишно во регионите на југоисточна Азија и Африка, многу повеќе од било кој друг предатор кој го напаѓа човекот како плен.
Крокодилите се многу поагресивни за време на сезоната за парење. Овие животни се доста интелигенти и се способни да учат и да запомнат рутини како локацијата на камповите или местата на кои поминуваат луѓето.
Кога напаѓаат во вода, тие го влечат пленот под водата за да се удави.