Thursday, June 4, 2015

Пајакот-оса (лат. Argiope bruennichi) е вид на кругоплет пајак распространет ширум средна Европа, северна Европа, северна Африка и во делови од Азија. Како и многу други членови на родот Црно-жолти градинарски пајаци(Аргиопи), овој пајак има впечатливи црно-жолти шари на стомакот.
Овој пајак плете спирална мрежа на зајдисонце или изгрев, најчесто во високи треви. Мрежата ја поставува само малку повисоко од тлото, и за ова му треба околу еден час. Во средиштето на пајажината јасно се забележува шара во цик-цак линија, наречена стабилимент. Нејзината фукнција не е позната, но можно е таа да служи за привлекување на инсекти.
Кога пленот ќе се заплетка во мрежата, пајакот-оса набргу го прави неподвижен и го обвиткува во свила. Потоа пајакот го каснува пленот и му вбризгува парализирачки отров и ензим кој ги разложува протеините во телото.
Мажјакот е многу помал од женката. Честопати мажјакот се забележува во или крај мрежата на женката, каде чека таа конечно да се измитари, што значи дека достигнала полова зрелост. За време на парењето на женката ѝ омекнува вилицата за краток период, за мажјакот да може да се пари со женката без да стравува дека ќе биде изеден.
Моментално постои само еден признаен подвид

No comments:

Post a Comment