Wednesday, June 3, 2015



Гуштерите (лат. Lacertilia, порано Sauria) се животни од класата влекачи. Тие ја сочинуваат најголемата денешна група на влекачи, со повеќе од 4.300 видови со најразлични облици и големини.


Иако гуштерите се слични со дождовниците и другите водоземци, сепак се разликуваат по тоа што гуштерите имаат сува лушпеста кожа и повеќето имаат канџести стапала и надворешни ушни отвори. Повеќето гуштери се мали, со четири екстремитети и долга опашка која кај многу видови е фрагилна и лесно кршлива, но се регенерира. Нозете на некои гуштери се многу скусени, правејќи ги змијовидни (како стаклениот гуштер); тие се разликуваат од вистинските змии по нивните подвижни очни капаци и по разликите во структурата на черепните коски, особено на тие од долната вилица. Коските од двете половини на долната вилица од гуштерот се цврсто споени, додека тие на змиите се разделени.

No comments:

Post a Comment