Wednesday, June 3, 2015

Пчели (Apidae) се ципокрилни инсекти. Приспособени се за исхрана со цветен прав и со нектар. Нивното значење во природата и за човекот е големо, почнувајќи од производите што ги даваат, мед и восок, па до опрашувањето што го вршат кај растенијата. Групата опфаќа видови што имаат осаменички начин на живеење, или пак се здружуваат во добро организирани семејства. Социјалните видови пчели живеат во заедница од 20.000 до 70.000 пчели работнички, една матица и од 800 до 3.000 трутови, што се јавуваат само во текот на летото. Секој од овие членови во заедницата врши точно определена работа. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела

 Првите студии за пчелите се објавени на почетокот на 20 век. Австрискиот етолог (добитник на Нобеловата наградаКарл фон Фриш, прв го дешифрирал јазикот на пчелите и докажал дека пчелите умеат да разликуваат бои. Според истражувањето на француската научничка Орор Аваргес-Вебер, за кое таа ја добила годишната награда на УНЕСКО, пчелите не се водат само од инстинктот, туку го приспособуваат своето однесување врз основа на околината и според претходното искуство. Таа покажала дека пчелите имаат одличен вид, распознаваат човечки лица и способни се за апстрактно расудување.

No comments:

Post a Comment